Скопје, 19. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.833 тестирања, при што се регистрирани 133 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 78
• Битола 16
• Велес 14
• Тетово 6
• Прилеп и Охрид по 3
• Кавадарци, Струмица и Берово по 2
• Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово по 1
Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73 години), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од:
• Скопје 97
• Битола 21
• Кавадарци и Куманово по 6
• Прилеп и Охрид по 4
• Тетово и Ресен по 3
• Кичево и Свети Николе по 2
• Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство