април 21, 2022

Скопје, 21. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 46
• Битола 23
• Прилеп и Гостивар по 4
• Куманово, Кавадарци и Велес по 2
• Струмица, Кичево и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80 години), починато во болнички услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од:

• Скопје 55
• Битола 21
• Штип 5
• Кавадарци 4
• Охрид и Радовиш по 3
• Прилеп, Куманово, Струмица и Берово по 2
• Гостивар, Велес, Виница, Неготино, Делчево и Пехчево по 1

земјата се направени вкупно 2.003.269 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука