Скопје, 22. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 54
• Битола 23
• Штип 6
• Тетово, Велес, Охрид и Кичево по 3
• Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш по 1
Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71 и 88 години) и едно починато лице од Прилеп (39 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Радовиш (88 години) и Кичево (55 години). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во периодот од 23.03 до 30.03.2022 година.
Регистрирани сe 148 оздравени пациенти од:
• Скопје 80
• Битола 26
• Велес и Гостивар по 7
• Кавадарци 5
• Штип 4
• Охрид и Гевгелија по 3
• Куманово, Кочани, Струга и Неготино по 2
• Струмица, Ресен, Делчево, Виница и Пробиштип 1
Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство