Избор Охрид

За околу пет илјади охридски ученици денеска започнува екстерното тестирање

Охрид, 2.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – За 3.161 ученик од четврто до деветто одделение и за 1.767 средношколци од прва до трета година во охридските училишта денеска започнува екстерното тестирање.

Учениците ќе полагаат два предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. Три дена пред тестирањето се објавуваат распоредот на тестирање и по кој предмет ќе бидат екстерно проверени.

Екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година ќе се спроведува до 10-ти јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави