април 29, 2022

Скопје, 29. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 61
• Битола 39
• Штип 7
• Кичево 5
• Кавадарци, Ресен и Берово по 3
• Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе по 2
• Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19  од „Мој Термин“ дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70-годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период од 09.04. до 17.04.2022 година.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од:

• Скопје 55
• Битола 7
• Охрид и Велес по 5
• Кавадарци и Прилеп по 3
• Струга 2
• Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука