Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Контроли во угостителските објекти во Охрид, во еден затекнати повеќе малолетни лица

Охрид, 2. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 01. мај 2022 година, во периодот од 00:00 до 05:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија контроли во угостителските објекти во Охрид.

– Притоа, во угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите, инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи изречени се соодветни казни, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука