COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

210 нови случаи на Covid-19, 7 новозаболени и 1 оздравено лице од Охрид

Скопје, 2. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

. Скопје85
. Битола 51
. Прилеп 14
. Кавадарци 8
. Охрид и Штип по 7
. Струмица 6
. Гостивар, Делчево и Берово по 4
. Куманово, Тетово, Велес и Кичево по 3
. Ресен и Демир Хисар по 2
. Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од:

. Скопје 73
. Битола 23
. Велес 8
. Куманово, Кавадарци и Штип по 5
. Кичево 4
. Прилеп, Гостивар и Струмица по 3
. Тетово и Гевгелија по 2
. Охрид, Неготино, Кратово и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022 година), нема пријавено починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, нема пријавено починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.022.649 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, бројот на оздравени пациенти е 299.865, на починатие 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука