Општина Дебрца

Работилница во рамки на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“

Дебрца, 3. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток и петок, 5-ти и 6-ти мај, во новите простории на Изложбениот центар на Белчишкото блато во село Белчишта ќе се одржи работилница во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“.

Проектот започна да се реализира на 1-ви јуни 2020 година, а ќе трае до 31-ви мај годинава.

Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото.

Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука