Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре истекува рокот за аплицирање за стипендии за Кампот за високо-технолошка извонредност во Охрид, на Македонија2025

Охрид, 4. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре е последен ден за аплицирање на отворениот повик за стипендии, што го објави Македонија2025, за учество на второто издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, кој ќе се одржи од 9-ти до 16-ти јули во Охрид.

Охрид кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи). Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи.

Основна цел на програмата е младите (од 11-15 години) да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите Македонци од земјата и дијаспората да создаваат мрежи, да воспоставуваат пријателства, да ја зајакнат и да ја градат македонската култура.

Kампот, како и минатата година, е под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука