Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Туристичките убавини на Република Македонија претставени на Саемот во Косово, потпишан Меморандум за соработка и унапредување на активностите

Приштина/Скопје, 4. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) -Денеска и утре, во Приштина, Косово се одржува Интернационалниот туристички саем „Kosovo International Tourism Fair“ (KITF), кој се организира за прв пат и има за цел да ги поврзе регионалните туристички работници и бизнис секторот.

Саемот е во организација на туристичката асоцијација „Унија за Туризам на Косово“ со која Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) има воспоставено соработка за размена на заеднички искуства кои се од интерес за развој на туризмот.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Љупчо Јаневски заедно со претставници на институцијата е во еднодневна посета на саемот, каде регионалните земји ги презентираат своите туристички потенцијали и можности за туристичка размена и инвестиции во овој сектор. Се отвораат нови можности за зголемување на бројот на туристи, креирање мрежа на бизнис контакти и предиспозиции за зголемување на економската соработка на регионот.

Директорот на АППТ, Љупчо Јаневски и претседателот на Унијата за Туризам на Косово, Баки Хоти, денес потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете земји, во насока за развој и промоција на туризмот преку заеднички активности и туристички понуди.

– Целта на овој Меморандум е зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Косово, со цел заеднички развој на туристичкиот сектор и нови инвестиции во туризмот. Двете страни се согласни за координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат двете земји, со цел зголемување на туризмот. Тоа што е особено важно за развој на регионот е соработка и имплементирање на заеднички проекти, со што дестинациите ќе стане поконкурентни на пазарот и нивната видливост на туристичката мапа ќе се зголеми со атрактивни понуди, изјави Јаневски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука