Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Изречени 8 санкции по Законот за заштита од пушење, се стабилизира состојбата со вештачкиот недостиг на одредени прехранбени производи

Охрид, 5. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Инспекторите од пазарниот инспекторат, во координација со МВР, УЈП и трудовата инспекција, периодов интензивно вршат контроли по угостителските објекти и економските оператори низ Охрид.

Меѓу граѓаните сé почести се коментарите дека со ковид протоколите како да се заборавија претходните одредби, на пример во однос на забраната за пушење, па реагираат дека се пуши и во затворените делови од угостителските објекти.

Раководителот на Пазарниот инспекторат во Охрид, Цветко Ристески за Супер радио и OhridPress информира изминатиот месец биле изречени 8 санкции по Закон за заштита од пушење

– Дозволено е пушење на терасите, но има една законска празнина во поглед на дефинирање на терасите. Пред неколкугодини се дозволи со подзаконски акт терасите да ги затвораат со фолии, со стакла… и сега се добива впечаток како да се затвотени, а се тераси. Тука е многу тешко да се утврди, вели Ристески.

Инспекторите постапуваа и за време на продолжениот празничен викенд при што кај еден субјект било констатирано непридржување кон работното време.

– На субјектот му е изречена глоба и забрана за вршење на дејност во траење од 20 дена, бидејќи пречекорувањето на реаботоното време беше над половина час, додава Ристески.

Охридските трговци ги почитуваат „замрзнатите“ цени

Контроли биле извршени и по продавниците и маркетите, при што Ристески вели дека има стабилизирање на состојбите со покачување на цените и вештачкиот недостиг на одредени прехранбени производи низ маркетите, што се правеше дел по вина на економските оператори, дел по вина на купувачите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука