COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

139 нов случај на Covid-19, 4 новозаболени лица од Охрид

Скопје, 5. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 58
• Битола 34
• Прилеп 6
• Струмица 5
• Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево по 4
• Тетово 3
• Гостивар, Кочани и Демир Хисар по 2
• Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од:

• Скопје 40
• Битола 19
• Кичево 5
• Штип 4
• Кавадарци 3
• Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе по 2
• Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово по 1

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73 години), починато во домашни услови. Починато на ден 01.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.026.507 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.063, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука