Виолета Цепенковска во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress
Охрид, 6. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Виолета Цепенковска е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.
Заедно со нејзиниот Оливер ја потпишуваат над 10 години долгата приказна наречена Fort Caffe, во подножјето на Самуиловата тврдина и со еден од најубавите погледи кон Охрид. Виолета е магистер по осигурување и работи во Институтот за филм – филмска академија Охрид. Вели дека Fort Caffe е посебно место – место за уживање, од врвот на градот, пред царската тврдина.
Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: (I’ve Had) The Time Of My Life на Bill Medley & Jennifer Warnes, Shine On You Crazy Diamond на Pink Floyd и Girl On Fire на Alicia Keys.
Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Цепенковска падна на „Љубена“ на Тоше Проески. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.
Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |