Американски товарни авиони слетаа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид (Видео)
Охрид, 6. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Два американски воени товарни авиони слетаа попладнево, нешто по 18:30 часот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
До овој момент нема потврдени информации за причините поради кои леталата пристигнаа во Охрид.
Неофицијално, станува збор за летала од типот Boeing C-17 Globemaster, кои се дел од воената вежба „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што досега се реализирала во Република Македонија.
Предвидено е учеството на 4.600 војници од 8 држави – членки на НАТО: САД, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија, Грција и земјата домаќин Република Македонија. Операцијата ќе се изведува на армискиот полигон Криволак и својот финиш ќе го има идниот четврток. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |