Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

Тројца доктори од Струга обвинети за вадењето на органите на родилката Јилдз Веапоска – ја дупнале бубрежната артерија при царскиот рез

Струга/Скопје, 7. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Против тројца лекари од струшката болница е поднесен обвинителен предлог за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што на родилката од Дебар Јилдз Веапоска, која во струшката болница отишла да се породи со царски рез, и ги извадиле матката, јајникот и бубрегот.

Овој случај го откри Слободен печат, а актуелен беше во 2020 година. Веапоска е медицинска сестра од Дебар, која имала уредна бременост која требало да заврши уредно со царски рез во болницата во Струга. Меѓутоа, кога отишла таму, а царскиот рез бил изведен, четири денови имала обилно крвавење и тешки болки, кои довеле до втора хируршка интервенција, после која таа остана без три здрави органи, матка, јајник и бубрег. Според информациите на Слободен печат, обвинителен предлог има за тројца лекари од струшката болница и тоа првообвинетиот е лекар специјалист гинеколог акушер, вториот лекар специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата била лекар гинеколог акушер.

Тие според обвинителниот предлог при укажувањето на лекарската помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. Првообвинетиот доктор и тогашен директор на болницата Мухамед Асани заедно со второобвинетиот, го извеле царскиот рез, ама при тоа ја оштетиле левата бубрежна артерија. Поради тоа се влошила состојбата на Веапоска, но тие не презеле никакви мерки за уврдување на причините на влошувањето на нејзината состојба. Со терапијата што и ја дале дополнително и ја влошиле состојбата на пациентката и кај неа настанала огромна загуба на крв и шок.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Слободен печат/Мирослава Бурнс фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука