ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

По двата Boeing C-17 Globemaster, денеска и A-10 „Warthog“ Thunderbolt II – уништувачот на тенкови, слета на охридскиот аеродром (Фото)

Охрид, 7. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Американски воен авион од типот A-10 „Warthog“ Thunderbolt II денеска слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Станува збор за летало кое е познато како најдобар уништувач на тенкови – Tank Killer, развиено од компанијата Fairchild Republic за американското воено воздухопловство – United States Air Force (USAF), во 1976 година.

Вчера на аеродромот во Охрид слетаа и два транспортни авиони од типот Boeing C-17 Globemaster, кои се дел од воената вежба „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што досега се реализирала во Република Македонија. Предвидено е учеството на 4.600 војници од 8 држави – членки на НАТО: САД, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија, Грција и земјата домаќин Република Македонија. Операцијата ќе се изведува на армискиот полигон „Криволак“ и својот финиш ќе го има идниот четврток. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Иво Донев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука