Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ: „Китење со туѓи перја“ е она што Градоначалниците на Мицковски единствено го умеат

Охрид, 7. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од ОО на СДСМ од Охрид обвинуваат за „китење со туѓи перја“, по денешната посета на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Охрид, каде заедно со градоначалникот д-р Кирил Пецаков извршија увид на градежните активности кои се во тек.

– Дошол лидерот на ДПМНЕ денес да се фотографира на нешто што како проект веќе постоеше од претходната локална власт предводена од СДСМ. И зарем навистина мислите дека охриѓани тоа не го гледаат и не го знаат. Да не оставеше изминатата локална власт готови проекти, не ќе знаеше оваа локална власт предводена од ДПМНЕ како да ја скрие неспособноста пред нивниот лидер Мицкоски. Градежна офанзива во Охрид се случи, да… Точно дека се случи ама од минатата локална власт за што се сведоци и граѓаните на град Охрид. Овој проект што го промовираше Мицкоски за фекална канализација во Лескоец, како и проектот за реконструкција на улиците, односно сите проекти од Југозападниот плански регион, се изработени, подготвени и поднесени за финансирање од претходната локална власт предводена од СДСМ. Да ја потсетиме сегашната локалната власт колку инвестиции се направија уште во првите 100 дена од владеењето на претходната локална власт, што може да се согледа и од самиот отчет на сработеното во првите 100 дена од Градоначалникот Георгиески. За жал, Пецаков во ниту еден момент отчетно не излезе за своите 100 дена, туку гледавме видеа снимени кај нивниот лидер… Ајде, наместо празни зборови и ветувања со „ќе“, нека каже сегашната локална власт што реализираа во овие шест месеци од она што им ветуваа во предизборната програма на граѓаните за што и добија доверба од нив, а да не е проект од претходната локална власт, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука