Охриѓанец приведен во Битола поради агресивно однесување кон полициски службеници
Битола/Охрид, 8. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми мај 2022 година, во 13:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 63-годишниот Љ.Н. од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
– Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |