
Идентификација и мапирање на растителни видови кај Вевчански извори
Вевчани, 9. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Еко-свест и Натура МК започнуваат со примена на граѓанска наука за да помогнат во идентификација и мапирање на растителни видови во Споменикот на природата „Вевчански извори”.
Потенцираат дека со ова ќе се овозможи подобар мониторинг и заштита на шумите во ова заштитено подрачје.
Па така викендов, на Вевчанските извори беа 20-на млади кои активно се образуваат и едуцираат. Активностите се реализираат и во соработка со општина Вевчани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |