Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Албански државјанин со фалсификувани лични документи приведен на аеродромот во Охрид

Охрид, 9. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми мај 2022 година, во 11:15 часот, на Граничен премин Аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 20-годишниот Ш.А. од Република Албанија, затоа што при проверка било констатирано дека има фалсификувани лични документи.

– Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука