COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

159 нови случаи на Covid-19, 8 новозаболени, 9 оздравени и едно починато лице од Охрид

Скопје, 9. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 06.05. до 08.05.2022 година) направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 79
• Битола 29
• Прилеп 9
• Охрид 8
• Куманово, Кавадарци и Велес по 5
• Кичево 4
• Тетово и Ресен по 3
• Штип и Гевгелија по 2
• Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (159), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од:

• Скопје 137
• Битола 40
• Прилеп и Охрид по 9
• Делчево 6
• Кавадарци 5
• Штип 4
• Гостивар 3
• Тетово, Струмица и Демир Хисар по 2
• Кичево, Ресен, Струга, Неготино, Берово и Виница по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022 година), пријавено е едно починато лице од Охрид (82 години), починат во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (58 и 83 години). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27.04. до 29.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука