COVID-19 Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Се укинуваат Ковид протоколите и во градинките

Скопје, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Престануваат да важат општите и посебни мерки и протоколи за заштита од COVID-19 во предучилишните установи, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Ова доаѓа по владината одлука да се укинат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука