Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани се сведоци како изгледат криминалните проекти на СДСМ!

Охрид, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ако СДСМ за „успешност“ и „градежна офанзива“ го сметаат ваквиот изглед и состојбата на улицата „Јане Сандански“ со пропаднат асфалт тогаш навистина имаат проблем со тоа што значат зборовите успешност и градежна офанзива, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

No photo description available.

May be an image of street and road– Неспособноста на СДСМ и Константин Георгиески се виде претходно кога се крена асфалтот на улицата „АСНОМ“, потоа кога пропадна асфалтот на кружниот тек на улицата „Железничка“, и дефинитивно се докажа сега со улицата „Јане Сандански“ за која и претходно предупредувавме за неправилности.
Е вакви криминални проекти остави претходната Локална власт на СДСМ. Заврши нивното криминално време кога пред избори се копаа и асфалтираа улици, сега со ВМРО-ДПМНЕ и градоначлникот д-р Кирил Пецаков промените се гледаат и сега е вистинско време кога се реализираат проекти за Охрид. Во Охрид секојдневно се работи и се решаваат проблемите на граѓаните. Многу повеќе е направено за 6 месеци отколку за нивните 4 години. Разликата во работата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и охриѓани ја гледаат, потенцираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука