
Започна исплатата на повратот на ДДВ за првиот квартал од годинава
Скопје, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започна исплатата на повратот на ДДВ за првиот квартал од годинава.
Повеќе од 440 илјади корисници редовно скенираат фискални сметки и учевствуваат во проектот на УЈП „Мој ДДВ“.
Досега, според пресметките УЈП има вратено над четири милијарди денари кај граѓаните. Законскиот рок за исплата е 60 дена по завршувањето на тримесечието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |