ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Само неколку групи ученици и мал број граѓани од Охрид и Македонија го искористиле бесплатниот влез во локалитетите на Завод и Музеј

Охрид, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Понудата на бесплатен влез за домашните посетители секој први во месецот во музеите и локалитетите што се под надлежност на НУ Завод и Музеј Охрид, не наиде на особен интерес, вели за Супер радио и OhridPress директорот на установата, Мишко Тутковски.

Од октомври 2021-ва до мај 2022 година, секој прв ден во месецот, влезот во Самуиловата тврдина, Галеријата на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода – Градиште беше слободен.

– Оваа мерка која има за цел да изврши промоција и афирмација на културното наследство од Охрид беше искористена само од неколку групи ученици и помал број на граѓани од Охрид и Македонија, истакна Тутковски.

Додава дека со оглед на тоа што пред нас е летната сезона, оваа мерка ќе биде привремено укината, но по нејзино завршување бесплатниот влез во музеите и локалитетите повторно ќе може да го користат сите домашни посетители еднаш во месецот.

Тутковски се надева дека интересот за нашето културно наследство ќе се зголеми и дека ќе имаме повеќе посетители во следниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука