Илија Спасески е првиот охриѓанец кој стана лиценциран тренер во борење слободен стил
Охрид, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го доби првиот лиценциран тренер во борење слободен стил – олимписки спорт.
Илија Спасески, член и досегашен врвен натпреварувач во клубот за Бразилска Џиу Џица „The Strongest“ од Охрид, учествуваше на курсот за лиценцирање тренери што се одржа во Кочани, а го водеа видни долгогодишни тренери од Македонија и пошироко.
Притоа, тој се здоби со тренерска лиценца, прва категорија, левел 1.
– Среќни сме што имаме чест во нашиот клуб да ги споделуваме знаењата од борењето кое ќе не надградува, велат од клубот „The Strongest“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: „The Strongest“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |