ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Самуиловата тврдина најпосетуван локалитет од почетокот на годинава

Охрид, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на годинава, најпосетуван локалитет на НУ Завод и Музеј Охрид е Самуиловата тврдина.

Заклучно со 30-ти април забележани се 7.736 посетители, а Музејот на вода кај Градиште има 6.886. Посетеноста во Музејот во Куќата на Робевци е значително помала и изнесува 702 посетители.

Колку за споредба, минатата година музеите и локалитетите на охридскиот Завод и Музеј ги посетиле вкупно 98.812 домашни и странски гости. Најголема посетеност бележеше Музејот на вода кај Градиште – 49.643, а на Самуиловата тврдина имало 44.146, во музејот Куќата на Робевци – 3.642, додека Галеријата на икони имала 1.381 посетител. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука