
115 нови случаи на Covid-19, 5 новозаболени лица од Охрид
Скопје, 10. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 59
• Битола 14
• Прилеп 7
• Кавадарци и Охрид по 5
• Гевгелија 4
• Гостивар, Штип и Ресен по 3
• Куманово, Струмица и Неготино по 2
• Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево по 1
Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од:
• Скопје 47
• Битола 20
• Тетово и Берово по 4
• Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево по 3
• Прилеп, Кавадарци и Пробиштип по 2
• Неготино, Кочани и Кичево по 1
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |