Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Од вечерва и утре Струга без вода

Струга, 11. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва и во текот на утрешниот ден жителите на Струга ќе бидат без вода.

– Поради изведување работи во водоводна мрежа, за поврзување на постоечката со новата цевка, ќе има прекин во водоснабдување на целата територија на општина Струга, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” – Струга.

Прекинот ќе трае од вечерва, од 22:00 часот, а ќе трае до утре до 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука