Економија Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Недела да биде работен ден во туристичките градови бара општина Струга

Струга, 11. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко се приклучуваат кон барањето на туристичкиот сектор, гастрономите, кафе баровите и дуќанџиите за недела да биде работен ден во туристичките градови, односно во Струга.

– Струга е град кој зависи од летната сезона, така што, недела неработен ден сериозно ќе го загрози и негативно ќе влијае на локалниот економски развој и пошироко. Очекуваме посета на министерот за економија и заеднички да разговараме за изнаоѓање на решение кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните на Струга, соопштија од општината.

Додаваат дека барањето го адресираат до министерство за економија, односно до Владата, за да се донесе решение за горенаведените бизниси за недела да биде работен ден, како посебна гранка за туристичката сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука