Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Туристичка промоција на Република Македонија во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција и Полска

Скопје, 11. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ), согласно програмските активности за 2022 година започна со прв дел медиумска кампања.

Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата. Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните online медиуми во регионот и истата се реализира преку промотивни банери, PR текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберат Република Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор.

Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. А, за сите гурмани ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти.

Од АППТ потенцираат дека тука не завршуваат активностите и дека од септември ќе се реализира и втор дел на промоција, како медиумска така и преку учество на интернационални саеми за туризам, додека пак релизацијата на информативни патувања за странски новинари и инфлуенсери се одвива тековно преку цела година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука