ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро покачен за еден сантиметар, но и натаму под просекот за мај

Охрид, 11. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро бележи раст за еден сантиметар, споредено со изминатите неколку дена, но и натаму е под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,62 м.н.в, што е за 4 сантиметри под просекот за мај (693,66 м.н.в), односно 52 сантиметрi над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода порасна на 13 степени и е за 2,1 степени пониска во однос на месечниот просек.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука