COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

93 нови случаи на Covid-19, 5 новозаболени и 5 оздравени лица од Охрид

Скопје, 11. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 51
• Битола 15
• Охрид 5
• Тетово и Кавадарци по 4
• Прилеп 3
• Велес и Штип по 2
• Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово по 1

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од:

• Скопје 40
• Битола 10
• Струмица 8
• Охрид 5
• Велес 4
• Кавадарци 3
• Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово по 2
• Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш по 1

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука