Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Измена на јавен повик за субвенционирање на општински јавен превоз на патници

Охрид, 11. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради утврден пропуст во точка 2, став 6 од објавениот јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, се врши негова измена и дополнување односно покрај обврската за достава на потврда за подмирени даноци и такси за 2020 и 2021 година се воведува и обврската за достава на потврда за уплатен надоместок за користење на автобуски постојки кој произлегува од секој склучен договор за вршење на линиски превоз, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека заради горенаведената измена, рокот за доставување на барањата за субвенционирање се пролонгира за 15 дена.

– Во се’ останато, останува во важност објавениот јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, објавен на општинската веб страна на 29.04.2022 година, потенцираат од охридската локална самоуправа.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука