ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Големи количини отпад собрани во еколошката акција „Генералка викенд“ во Охрид

Охрид, 12. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 160 вреќи ПЕТ отпад и 10 вреќи хартија беа подигнати во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“ што се одржа на 7-ми мај во Охрид.

Акцијата ја реализираа општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и учениците од сите општински училишта. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до месноста „Свети Стефан“, потегот од Билјанини извори до хотел „Парк“ и дворните места на училиштата.

Еколошката акција ја организираше „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 килограми собран отпад да се засади по едно дрво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука