Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Туризам

За 45,9 проценти зголемен бројот на туристи во првиот квартал годинава

Скопје/Охрид, 12. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во месец март во Македонија се регистрирани 39.786 туристи, од кои 43,1% се домашни, а 56,9 отсто се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во март 2022 година изнесува 87.074, од кои 44,1% се од домашните туристи, а 55,9 отсто од странските.

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 45,9 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 21 отсто, а кај странските зголемувањето е за 79,5 проценти. Кај бројот на ноќевања има зголемување за 41,6 отсто, кај домашните туристи за 22,2%, а кај странските за 67%.

Според податоците на државна статистика, најголем број на туристи кои ја посетиле Македонија во месец март се од Труција, а веднаш позади нив по бројноста се туристите од соседна Србија. Меѓу топ пет земји од каде има најголем број туристи се и останатите соседи, односно Грција, Косово и Албанија.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) најавија дека токму туристичката промоција на земјава ќе се реализира во традиционалните пазари, односно земјите од регионот, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука