COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

89 нови случаи на Covid-19, 1 новозаболено и 1 оздравено лице од Охрид

Скопје, 12. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.271 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 42
• Битола 15
• Кочани, Неготино и Ресен по 4
• Кавадарци и Гостивар по 3
• Куманово, Велес, Кичево и Свети Николе по 2
• Прилеп, Охрид, Струмица, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар по 1

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.

Регистрирани сe 58 оздравени пациенти од:

• Скопје 29
• Битола 11
• Гостивар, Велес и Прилеп по 3
• Куманово, Демир Хисар и Тетово по 2
• Кочани, Кавадарци и Охрид по 1

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.595, бројот на оздравени пациенти е 300.675, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 633. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука