Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со амбасадорот на Словенија во Република Македонија Милан Предан

Охрид, 12. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, денес имаше средба со амбасадорот на Словенија во Република Македонија Милан Предан.

– На средбата се разговараше за политичко-економската ситуација во Македонија, а посебно за актуелната состојба на Општина Охрид и работењето на локалната самоуправа. Градоначалникот Пецаков го информира словенчкиот дипломат за тековните активности и проекти кои ги спроведува Општина Охрид и за очекувањата од престојната туристичка сезона. Амбасадорот Предан изрази подготвеност, Словенија преку CMSR – Центарот за меѓународна развојна соработка да донира средста во висина од 140 илјади евра на ЈП „Водовод“ за филтри за пречистителни станици, информираат од охридската локална самоуправа.

Додаваат дека соговорниците се согласиле дека Општина Охрид има одлична соработка со Амбасадата на Словенија и дека постои простор таа да се зајакнува и продлабочува. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука