Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Фудбалското игралиште на Градскиот стадион времено ќе биде затворено за користење

Охрид, 13. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 15-ти мај до 5-ти јуни фудбалското игралиште на стадионот „Билјанини извори“ ќе биде затворено за користење.

Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека во овој период ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво), во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште.

Додаваат дека и во наредниот период фокусот ќе биде ставен на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука