Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во март во Охрид издадени 10 одобренија за градба

Охрид, 13. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во март годинава во Охрид биле издадени 10 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив во седум случаи инвеститор е физичко лице, а во три правен субјект. Предвидена е градба на 7 станови, со вкупна корисна површина од 902 м². Во анализираниот период во општина Дебрца нема издадено одобрение за градење, додека во општина Струга издадено е едно одобрение и тоа на физичко лице.

На ниво на Македонија во март 2022 година издадени се 373 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 182 се наменети за објекти од високоградба, 69 за објекти од нискоградба и 122 за објекти за реконструкција. Од вкупно 373 објекти, на 195 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45.333 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука