Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Газдите на дуќани во туристичките центри можат да работат во недела, ССМ против предложение измени на законот за неработна недела

Скопје, 13. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е против носење законски измени што би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри.

Велат дека дека најавениот предлог закон од министерството за економија доставен до Собранието е донесен без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво.

Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ, е донесено по пат на дијалог и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови.

Нема достапен опис

Додаваат дека не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се скрати таквото право и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат.

– Потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат , предвидена е и можноста за работа на моловите , штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично , како и предвидена е можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците. На овој начин сметаме дека се покриени сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги , со тоа што потсетуваме дека овие работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100% за секој час поминат на работа , како и право на неделен одмор во друг ден од неделата, велат од ССМ.

Најавија дека ќе покренат до Собранието за законско решение со кое ќе побара да им се дозволи право на дополнителна работа од 8 часа неделено, што задолжително ќе се одработуваат во недела, за функционерите кои размислуваат да поднесат Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во делот недела неработен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука