Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од денеска десктоп варијанта на веб порталот на Radio Happy, уште полесно за кафе баровите, рестораните и сите угостителски објекти

Охрид, 13. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска, на официјалниот веб портал на Radio Happy е објавена десктоп варијантата на веб порталот, со што слушањето на убедливо најдобриот музички избор за кафе баровите, рестораните и сите останати угостителски објекти станува уште полесно.

Сега, се’ што треба да се направи е да се симне апликацијата од официјалниот веб сајт на Radio Happy и може да започне уживањето. Сега е уште полесно користењето, особено за кафе баровите, рестораните и сите угостителски објекти, но и за домашна употреба. Апликацијата е изработена за Windows корисниците и обезбедува далеку постабилна конекција, без користење на посебни пребарувачи како Chrome, Mozilla, Opera и слично. Лесно се инсталира и потоа го имате комплетното искуство, како и претходно со Вашето Radio Happy, кое Ви нуди на едно место 15 музички канали, односно радио станици со врвен музички избор.

Radio Happy е дел од поголема дигитална платформа, наменета за комплетно да одговори на сите барања на современиот корисник на информации, која започна официјално со работа на 24-ти април 2022 година, на ден Велигден. Нуди совршено решение за уживање дома или во угостителските објекти – soundtrackot кој ја пополнува „тишината“ во кафе баровите, хотелите и рестораните, го надополнува највкусниот оброк или го подобрува уживањето со утринското кафе. Radio Happy е интегрирано музичко решение, комплетно БЕСПЛАТНО за Вас, без инсталација на дополнителен софтвер и најважно БЕЗ РЕКЛАМИ и непотребни радио елементи, порачуваат од Radio Happy.

Додаваат дека слушателите добиваат 24 часа одбрана музика на некој од 15-те дигитални музички канали:

– Cafe Radio, Greatest hits, Top 40, Dance, Мак хитови, Мак класик, Ex Yu, Balkan Mix, Hip Hop, Love, Smooth Jazz, Lounge, Rock, МАНска музика (Ohrid style Funk, Blues, Jazz & Jazz Rock) и Happy Kids. Музичкиот избор на долгогодишни и сериозни музички професионалци, во комбинација со врвен звук за одлично easy listening задоволство, потенцираат од Radio Happy, од каде најавуваат дека наскоро ќе биде објавена и Happy апликацијата.

Од денеска, на Велигден официјално започнува со работа Radio Happy

Техничкиот дел е дело на 30-годишниот охриѓанец Анѓеле Мурџоски, кој живее и работи во Словенија и на неговата компанија ElectricalForce.

Радио станиците можете да ги слушате на официјалната веб страна, а повеќе информации секако и на профилите на социјалните мрежи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука