ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

На домејнот на некогашната гордост на Охрид – Радио Охрид, сега стои „Българското Радио в Охрид! 89.0 FM“

Охрид, 13. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Официјалниот домејн на некогашната медиумска гордост на Охрид – Радио Охрид, www.radioohrid.com.mk, сега е откупен од компанија со седиште во Софија, Бугарија.

Истата, според објавеното, претежно се занимава со продажба на, како што самите велат во описот, „најкорисните производи и артикли на пазарот, како во Македонија така и во Бугарија“.

Она што паѓа во очи секако е и натписот кој го поставиле, а кој вели дека станува збор за „Българското Радио в Охрид! 89.0 FM“.

Некогаш култното Радио Охрид е формирано во далечната 1957 година, на иницијатива на тогашното Собрание на општината. Најпрво работи во рамките на Работничкиот Универзитет, потоа во Домот на културата, а подоцна на 3-ти април 1969 година, Општинската конференција на Социјалистичкиот сојуз, како основач, носи одлука Радио Охрид да работи како посебна институција за информирање.

По неколку недостојни за неговата големина деградирања и подоцна менувања на сопственичката структура, Радио Охрид и официјално престана со работа во јули 2016-та година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука