Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жител на струшко Подгорци поради вршење јавен превоз без лиценца

Струга, 13. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишниот Б.С. од струшкото село Подгорци, и против правно лице со седиште во селото Подгорци, во сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

– На 25-ти февруари 2022 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука