Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 22. степени

Охрид, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со сончеви периоди. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

– Утре, претежно во западните делови, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука