Премиера на „Енергични луѓе“ од Василиј Шукшин во Охрид
Охрид, 12. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со почеток во 20:00 часот, Народен театар Охрид вечерва премиерно ќе ја одигра претставата „Енергични луѓе“, според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.
Улогите во оваа сатирична комедија ги толкуваат: Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ- Тодороска.
Сценографијата и графичкиот дизајн се потпишани од Филип Коруновски, а костимите се на Невенка Тасева- Петровиќ.
Првата реприза на претставата ќе се игра во петок, на 20-ти мај 2022 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |