Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Два случаи на каснување од куче во Охрид, нападнати дете и 44-годишна жена

Охрид, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти мај 2022 година, 38-годишната С.К. од Охрид, во надлежната полициска станица пријави дека, нејзиниот син, на улицата „Александар Гушо“ во Охрид бил каснат од куче-домашен миленик, сопственост на Љ.Н. од Охрид.

– Истиот ден, 44-годишната М.Р. од охридското село Велгошти, пријави дека на улицата „Илинденска“ во селото, била касната од куче скитник, информираат од СВР Охрид.  (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука