Полицијата пронајде марихуана кај 28-годишен охриѓанец на улицата „Железничка“
Охрид, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти мај 2022 година, во 17:40 часот, во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, го приведоа и лишија од слобода 28-годишниот Д.С. од Охрид.
– При преглед извршен на улицата „Железничка“ во Охрид, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |