Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жител на Мешеишта кој се однесувал агресивно кон полицијата при контрола во угостителски објект

Охрид, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.Т. од охридското село Мешеишта.

– Тој, на 6-ти мај 2022 година, во 00:50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Жечезничка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, информираат од СВР Охрид.  (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука