Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 7 возачи од Охрид поради непрописно престигнување

Охрид, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти мај 2022 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници регистрирале и санкционирале 11 возачи кои извршиле непрописно престигнување (Охрид 7 и Кичево 4).

– Со цел зголемување на сообраќајната безбедност, контролите ќе бидат интензивирани на целото подрачје на СВР Охрид поради што, апелираме до сите учесници во сообраќајот на внимателност и совесност и целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, информираат од СВР Охрид.  (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука